Една на видум обична пица со необична подлога, која наместо крцкава подлога има фин и мек слој од палента, т.е. еден поинаков начин како да се спреми палентата...

Најпрво сварете ја палентата. Ставете вода во тенџере, посолете и кога ќе се затопли додадете го путерот. Откако ќе зоврие, додадете ја палентата и енергично мешајте околку 2-3 минути, односно додека компактно не се згусти.

Тркалезна тава за пица премачкајте со путер и посипете со презла насекаде.
Внимателно натапкајте ја сварената палента во тавата со помош на лажица, при што финално ќе ја порамнувате со рацете и ќе оставите малку подигнати краеви.
Ставете ја во предходно загреана рерна на 200С и потпечете ја околу 5 минути.

Извадете ја тавата, премачкајте одозгора со доматниот сос. Јас исклучиво си купив доматен сос со босилек, но секако дека можи било каков пто имате/сакате.
Потоа, распоредете ја ренданата салама/шунка, па ренданиот кашкавал, посипете оригано, а на краевите сусам. Маслинките исецкајте ги на тенки кругчиња. Со нив и со чајната колбасица доредете ја украсно пицата.

Вратете во рерна уште 10на мин. да се допечи, односно да се растопи кашкавалот.

Сервирајте ја со додаток на доматен сос или кечап. Кај нас одлично одеше со намаз од лук.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани