Пица од мелено месо
Кромидот ситно исецкајте го и на малку масло пропржете го да стани стклест. Тука е моментот кога се додаваат печурките, ситно исецкани, исто така малку да пропржат. Додадете го меленото месо и пржете додека течноста скоро не испари. Додадете ги зачините. Секако, можи да си ги прилагодите по свој вкус. Тргнете од оган и на брзина вмешајте го јајцето. Смесата поделете ја на 3 или 4 дела. За 4 готови теста е доволна. Ние побогато филовавме на 3.
Секое тесто премачкајте го најпрво со доматнотно пире. Над него распоредете го филот со мелено месо, па одозгора изрендајте го кашкавалот. Додадете одозгора уште малку оригано.
Печете на 200 степени 10-15 мин. во зависност од рерната, односно додека кашкавалот се растопи.
Секако дека место готово тесто можи да се направи и домашно. Тогаш печењето секако ќе е за малку подолго.
Сервирајте ја топла со малку мајонез и кечап или некоја зелена салата.
Лиценца: Сите права се задржани
Сусамот на рабовите ми е импресија од купечките пици и секоја прилика кога имам при рака ставам на работ на пиците - убаво и за око и за вкус ;)