Пита хармоника
Питава ја видов во еден весник, па еве и дојде редот за проба и многу ми се допадна.
Се замесува тесто од горенаведените состојки и се остава да стаса. Во меѓувреме се миксират во блендер сирењето, јајцето, солта и брашното. Саламата и кашкавалот се рендат или се сецкат на коцки (по ваш избор). Кога тестото ќе стаса се сука кора во вид на правоаголник и се премачкува со смесата од сирење, врз наго се наросуваат саламата и кашкавалот. Се сече кората на квадрати како на сликата. По неколку квадрати се стават еден врз друг и се стават во калап претходно подмачкан со маргарин. Квадратите се стават исправени да стојат. Се полни калапот и се остава да отстои питата, потоа се пече во загреана рерна на 200 с околу 40 минути.
Лиценца: Сите права се задржани
Среќни празници,живи,здрави,весели и уште многу прекрасни рецепти
Ти посакува
Љубица земјачката