Подготовка.
Во садот за месење ставете јогрт, омекнатиот путер, малку сол, пециво, брашно и замесете глатко еластично тесто окријте со крпа и оставете настрана.

Компирите ги вариме во солена вода, готови ги цедиме и топли ги гмечиме го додаваме путерот, а кога ќе оладат ги соединуваме со рендан кашкавал и бибер по вкус.

Тестото малку го расукуваме и го ставаме во намрсен плек и со раце го расплескуваме по плекот. Врз тестото го ставаме пирето и го развлечуваме така да краевите од тестото околу 2-3 см да останат празни.
Врз пирето редиме исечени на коцка, шунка, кашкавал, по желба печурки или варено јајце, маслинки можете да додадете и кечап за да го збогатите вкусот.  Краевите од питата се поклопуват накај пирето.
Се пече на 190 околу 30 -35 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови