Пица пита со пире од компир
Состојки
- потребно за тесто
- 150 мл јогурт
- 3 лаж омекнат путер или маргарин
- малку сол
- 1, 5 лажичка пециво
- по потреба брашно
- потребно за пире делот
- 700 гр излупени компири
- 2 лаж путер или маргарин
- 200 гр кашкавал
- по вкус сол и бибер
- за одозгора
- по избор шунка,кашкавал,варено јајце,печурки,кечап
Подготовка
Подготовка.
Во садот за месење ставете јогрт, омекнатиот путер, малку сол, пециво, брашно и замесете глатко еластично тесто окријте со крпа и оставете настрана.
Компирите ги вариме во солена вода, готови ги цедиме и топли ги гмечиме го додаваме путерот, а кога ќе оладат ги соединуваме со рендан кашкавал и бибер по вкус.
Тестото малку го расукуваме и го ставаме во намрсен плек и со раце го расплескуваме по плекот. Врз тестото го ставаме пирето и го развлечуваме така да краевите од тестото околу 2-3 см да останат празни.
Врз пирето редиме исечени на коцка, шунка, кашкавал, по желба печурки или варено јајце, маслинки можете да додадете и кечап за да го збогатите вкусот. Краевите од питата се поклопуват накај пирето.
Се пече на 190 околу 30 -35 минути.