Пита со компир
Првио го спремаме филот. Ги вариме компирите ги лупиме и со вилушка ги гмечиме. Кромидот го сецкаме и го попржуваме на маслото, ги додаваме компирите, зачините доматното пире и се заедно мешаме да се соедини и се трга да олади.
Го подготвуване тестото.
Во млако млеко го раствараме квасецот додаваме сол, јогурт, масло, брашно и замесуваме глатко тесто. Тестото го делиме на 8 парчиња во облик на круг и ги оставаме 10 мин да одморат. Потоа секое го расукуваме во кора, попрскуваме со малку масло на еден крај ставаме од филот и го виткаме ролесто па потоа во круг . Ставаме во округол намрсен плех со масло на средина, а околу него ги редиме другите ролнички. Готовата пита ја премачкуваме со разматено јајце со 1 лаж јогурт и посипуваме со сусам. Кога е готова вака питата ја вклучуваме релната на 200 степени и кога ќе се загрее ја печеме.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
e nema poubavo koga sam ke si napravis smeski i sam si se smees sebe si :)))))))))))