Пита со блитва и праз
Блитвата и празот исечете ги и малку обарете ги на пареа. За тоа време подгответе го филот од три изматени јајца во кои ќе го додадете маслото, јогуртот, киселата вода, прашокот за пециво и малку сол. Распосланата кора премачкајте ја со 3-4 лажици од овој фил, врз неа ставете втора кора и пак попрскајте ја со 3-4 лажици од филот. Истата постапка повторете ја до претоследната кора за да се истроши целата количина од фил (може да оставите 3 лажици за премачкување на површината) На последната кора нанесете го филот од блитва и праз измешани со сирењето.
Вака подготвените кори завиткајте ги во ролат и исечете го ролатот како на сликата. За да не се залепи препорачливо е да се стави на плех обложен со хартија за печење. Површината премачкајте ја со остатокот од филот со јајца. Вака подготвениот ролат печете го околу 40 минути на 200 степени. Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови