11
јан
2013
Пилешко со блитва и крем сирење
Најпрвин сварете ги батаците, а потоа оделете го месото и искинете го на мали парчиња.
Во тава на оган ставете малку маслиново масло и кратко пропржете го чешнето лук.
Потоа додајте ја блитвата искината на поголеми парчиња.
Кратко пропржете ја и додајте го месото, крем сирењето, рикотата и пармезанот. Зачинете со сол и црн бибер, додајте го млекото и покријте ја тавата со капак и оставете ја на тивок оган 10 мин.
Лиценца: Сите права се задржани
Поздрав