Испечати

Пилешко со блитва и крем сирење

Пилешко со блитва и крем сирење

Состојки

  • 3 батаци со карабатак(или 6 обични батаци)
  • 500гр. блитва
  • 200гр крем сирење
  • 100гр. рикота
  • 50гр. пармезан
  • 1чешне лук
  • 1 филџан млеко
  • по потреба сол, црн бибер, маслиново масло.

Подготовка

Најпрвин сварете ги батаците,  а потоа оделете го месото и искинете го на мали парчиња.
Во тава на оган ставете малку маслиново масло и кратко пропржете го чешнето лук.
Потоа додајте ја блитвата искината на поголеми парчиња.
Кратко пропржете ја и додајте го месото, крем сирењето, рикотата и пармезанот. Зачинете со сол и црн бибер, додајте го млекото и покријте ја тавата со капак и оставете ја на тивок оган 10 мин.