31
мај
2014
Пирошки со компир
Тестото го месиме по нацврсто. Се прават топчиња како за ѓевречињата, се сука во вид на стапало, потоа се става од смесата (урда, кашкавал, шунка, печурки) и се мота.
Се валкаат во белка па после во пченкарното брашно. Сакав да пробам како ќе изгледаат со пченкарно брашно, па испаднаа по крцкави и баш интересни. Така направени ги оставаме да киснат и потоа се пржат во врел зејтин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови