Компир пирошки
Поубави и помеки пирошки не сум подготвила. Најмногу ги бендисувам затоа што не впиваат многу маснотија додека се пржат. Полнењето нека биде по ваш вкус јас ги полнев со салама,сирење и кечап со малку оригано.
1. Започнуваме со компирите излупете ги и сварете ги. Кога ќе се сварат процедете и испасирајте ги.
2.Во друг сад просејте го брашното, ставете ја солта по краевите на средина квасецот, жолчките, маслото и пасираните компири и заедно со млакото млеко замесете тесто. Се покрива со крпа и се остава да стаса 45мин.
3. На убаво набрашнете работна маса со оклагија развлекуваме кора. Вие сами одредете си ја големината на правоаголниците кои ќе ги формирате. Се зависи во што ќе ги пржите со која големина ви е тавата. Секој правоаголник наполнете го со филот и се витка во ролат по должина со прстите залепете ги краевите и страните.
Додека ги формирам пирошките ги провалкувам во интегрално брашно и ги обложувам на крпа додека ни се загрее маслото. Пржиме рамномерно со постојано превртување, секоја пирошка ја вадиме на хартија која ќе ни ја впие вишокот на маснотија.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани