Сувите пиперки исчистете ги од дршките и ставете ги во тенџере со вода да се варат околу 30 минути, но да не ги преварите, лушпата не треба да се оддели. Вака обарените пиперки ставете ги малку да се оладат. Салцата од домати ставете ја на огин со малку масло да се пржи. Изладените обарени пиперки ставете ги во блендер заедно со малку обарениот лук. Изблендирајте ги во кремаста смеса. Вака подготвената смеса посолете ја и ставете ја во салцата да се пржи со маслиновото масло.Доволно е 5 минути за да се соединат двете смеси. На површината додадете свежо исецкан магдонос. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови