Тако од Риба е мексиканско јадење кое е присвоено од страна на Американците и многу често можете да го најдете на менијата во голем број на ресторани низ САД. Пржена риба, со салца и тортиљи – тоа е сѐ што ви треба.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 2 филети бела риба

За СМЕСА ЗА ПОХУВАЊЕ ќе ви треба:

  • 250мл. газирана вода
  • 250гр. брашно

За САЛЦА ќе ви треба:

  • 1 голем црвен домат
  • 1 рака коријандер (или магдонос)
  • 1 црвен кромид
  • ½ сок од 1 зелен лимон
  • ½ сок од 1 жолт лимон
  • 2 готови тортиљи

Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Лонец 20 см.

Подготовка

Чекор 1: За подготовка на салцата исечкајте ги доматите на ситни парчиња и на ист начин исечкајте го и кромидот. Ние користиме свеж коријандер кој најлесно можете да го најдете на зелените пазари, но можете да користите и магдонос. Измешајте сѐ заедно, додадете ги зачините, сокот од ½ зелен лимон и сокот од ½ жолт лимон.

Чекор 2: Исечете ги филетите од бела риба по должина – нема потреба да купувате многу скапа риба за овој рецепт, но секако дека поквалитетна риба води до подобар краен резултат.

Чекор 3: Подгответе ја смесата за похување од брашно и газирана вода – можете да ја менувате густината доколку го имате природниот осет за тоа како е најдобро. Парчињата риба ги ставаме во оваа смеса и потоа ги пржиме во масло додека не станат крцкави и не поруменат од сите страни.

Чекор 4: На ториљите ставете салца, па парчиња од рибата, повторно салца и парчиња од зелениот и жолтиот лимон!

СОВЕТ: За подобар вкус секогаш може да додадете зачинет ориз и пченка или пак полна лажица кисела павлака. Исто така, смесата за похување можете да ја направите од пиво и брашно.