Рибата се чисти и се мие. Солта се меша со сушените зачини. Во огноотпорен сад се додава од солта подебел слој. Врз солта се додават рибите и повторно се додава од солта за убаво да ги покрие рибите. Така рибите ги ставаме да се печат во рерна на 200 степени околу 30 минути.

Подготовка на салцата.
Најпрво лукот, магданоносот и лутата пиперка кои претходно сме ги исчистиле ги ставаме во сечко и ги сецкаме на многу ситно. Вака исецканите состојки ги префрламе во блендер, а во него ги додаваме и кечапот, маслиновото масло и сокот од лимонот и миксаме додека не се добие хомогена смеса.
Салцата ја префрламе во чинија, посолуваме и поросуваме со мелен црн пипер.

Испечените риби ги вадиме и со лажица ги ослободуваме од солта. Внимателно најпрво чукнете со лажицата за да се раскрши скаменетата сол и да не се раскрши кревката риба.
Рибите послужете ги со кругови лимон и салцата.

Забелешка
Рибата на овој начин е многу кревка затоа треба внимателно да се ослободи од солта, додека при дегустацијата ви препорацувам кожата да се острани и да не се јаде бидејки е многу солена. Многу лесно е остранувањето на кожата. На овој начин може да ги подготвувате сите видови на поголеми бели риби.Рибата е многу убаво ароматизирана и без мрснотии .
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани