Пинџур макало со гравче (посно, без масло)
Еве една комбинација од 2 наши традиционални макала. Се надевам ќе ви се допадне.
1. Во поголем сад ставете го гравчето да се вари и додадете само ловоров лист. Кога ќе биде готово, прецедете и оставете да се лади.
2. Модриот патлиџан и доматот ставете ги да се печат во рерна. Пиперки веќе имам готови од зимница, но доколку немате ќе ставите и тие да се испечат. Излупете ги сите и исецкајте.
3. Лукчето со малку сол истолчете го во сад за толчење, па додадете го ситно сецканиот праз и продолжете додека убаво не омекне.
Потоа толчете едно по едно, модриот патлиџан па пиперките и на крај и гравчето, но да има и цели зрна.
4. Убаво измешајте ги сите состојки, додадете сол и бибер и ставете во фрижидер за убаво да се спојат вкусовите.
За оние кои си постите со масло, на крај загрејте малку масло па прелијте врз макалото. Послужете со топло домашно лепче и уживајте.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани
Викендов се проба и со наут, убава и таа комбинација, но сепак гравче си е гравче :)
Теофанија ти благодарам, веќе некој период се трудам малку повеќе околу сликите па мило ми е што ете почнува да се препознава :)