Пилешко во јогурт и зачини
Ви спремивме нешто со Ремзи, повторно =) ... сепак не е целосно според неговиот рецепт.
1. Пилешкото месо исечете го на парчиња и ставете го во сад погоден за во фрижидер. Додадете ги ситно сецканите лукче и ѓумбир, зачините, јогуртот и сокот од лимон. Убаво промешајте и ставете во фрижидер. Зависно од времето, но барем 2 часа или преку вечер. Кај мене остана преку вечер.
2. Во тава на оган ставете малку зејтин да се загрее. Додадете го ситно сецканиот млад кромид и протиснатото лукче да се пропржат. Потоа додадете ги ѓумбирот и кориандерот (мелени) и промешајте. Додадете го морковот сецкан на тенки кругови и оставете малку да продинста. Потоа и доматното пире, па повторно промешајте и на крај додадете го пилешкото заедно со маринадата. Оставете нека крчка 5 мин. на тивко.
3. Во водата растворете ја коцката за супа и додадете ја во тавата. Нека зоврие, па намалете и оставете да крчка 25-30 мин. Во зависност колку густо сакате да биде, може да додадете помалку или повеќе течност. На крај додадете го и јогуртот, промешајте и тргнете од оган. Послужете топло.
Добар апетит =)
*Цврст јогурт има во големите маркети кај делот со млеко и јогурт. Како замена може и обичен јогурт или павлака.
*Рецептот на Ремзи може да го најдете на интернет, па да го видите и оригиналот ... Chilli chicken with ginger & coriander
Лиценца: Сите права се задржани
Соларис ова е малку постар рецепт, од еден негов мини курс ... конкретно епизодата беше за употреба на различни зачини во кујната. Интересен вкус во секој случај :)