29
ное
2013
Пилешко бело месо со лимон
Пилешките гради исечете ги на шницли и исчукајте ги со чекан за месо.
Посолете ги по вкус со мешан сув зачин.
Во тава ставете го путерот и неколку лажици масло, набрашнете ги и на среден оган испржете ги од двете страни.
Откако ќе го исржите целото месо, вратетего во тавата. Додајте го лимонот, нишестето растворено во водата, бибер по вкус и магдоносот. Оставете го малку да повари околу 4-5 мин колку да се згусти сосот.
Послужете го топло со прилог од варен ориз или компир и салата по желба.
Лиценца: Сите права се задржани