25
окт
2012
Пилешки стек ала пицајола
Парчињата пилешки стек посолете ги, набрашнете ги и испржете ги во масло.
Така испржени ставете ги во плехче за печење. На секое парче ставете по 2 лажици доматно пире, рендан кашкавал и наросете ги со оригано.
Ставете ги да се печат на 200 С околу 10 минути или додека да се стопи кашкавалот.
Послужете го топло со вашата омилена салата!
Лиценца: Сите права се задржани