Пилешка крем супа со ориз
Во тенџере стваете ги копаните, посолете, исечкајте ги сите зеленчуци на големина која ви одговара, ставете ги во копаните, разронете ја коцката за супа, посолете и ставете мешан зачин и бибер колку што мислите дека е доволно.
Ставете да се вари на тивко. Кога почнало да зоврива и да крчка додадете го оризот, извадете ги копаните.
Копаните полејте ги со ладна вода да оладат, исчистете ги со нож и вилушка од коските, исцепкајте го месото.
Вратете го во супата и оставете да се свари оризот и месото.
Кога се е сварено во сад за сос растопете го путерот, додајте го брашното и мешајте, брашното не смее да ја смени бојата.
Додајте ја павлаката или млекото, мешајте да се згусти.
Бешамелот ставете го во супата и измешајте да се соеднини оставете уште малку да се повари (15 мин).
Исклучете и оставете малку да се подолади, служете со пропржен леб.
- Ако готвите во Делимано Гурмет на бавно варење, варете 3-4 часа или колку е потребно.
На колку потивко готвите јадењето ќе биде повкусно...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови