Печено пиле со пире од блитва
Пред да го печеме, пилето го обаруваме во посолена вода.
Пиленцето го посолуваме од сите страни убаво, го попрскуваме мешан зачин и бибер.
Го засекуваме по површината на неколку места и во дупчињата редиме лукче.
Наросуваме магдонос ситно сецкан.
Од страните и во внатрешноста редиме ситно сецкан кромид и коцки морков.
Попрскуваме масло и прелеваме вино.
Се пече на тивко.
Додека се пече пилето, спремаме пире.
Пирето се спрема на стандардниот начин со пасирање на компирот.
Компирите лупени ги вариме во истата вода во која го обаривме пилето. Во истиот сад ги ставаме и листовите блитва. Кога компирите се варени ги пасираме и го зачинуваме пирето. Полеваме со стопен маргарин и мешаме да се соедини.
Се служи топличко.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови