Печени свински ребра со бело вино и мед
1. Кромидот се сечка на ситно и се пропржува со маста, шеќерот и медот додека да се карамелизира, се додаваат сите други состојки и зачини, фино се промешува да пуштат мирис и се трга на страна.
2. Ребрата се ставаат во пекач, со решетка и капак. Во садот ставете 100 мл бело вино и 100 мл вода. Ставете ги во рерна на 200 степени. По 30 минути извадете ги и премачкајте ги со подготвениот сос. Така премачкувајте ги на секои 10 минути, уште половина час. По еден час печење, тргнете го капакот, намалете ја температурата на 180 степени и печете уште половина час, додека убаво не се запечат ребрата или пак нека биде по ваш вкус.
Ако немате сад со решетка и капак, добро е да ги сварите некои 10-15 минути, па да ги ставите на печење.
За додаток кон месото подготвив рестован компир со печурки.
1. Компирот го вариме, го лупиме и сечкаме на коцки.
2. Кромидот го сечкаме на ситно и го пропржуваме на масло, па ги додаваме печурките сечкани на листови. Кога фино ќе се упржат го додаваме варениот компир.
3. Пржиме некои десетина минути, па зачинуваме. Додека пржиме додаваме масло по потреба.
Забелешка
При подготовка на сосот за премачкување можете медот да го ставите како последна состојка, за да не ги изгуби корисните состојки при пржењето.
Лиценца: Сите права се задржани