Еве го и моето омилено јадење за оваа сезона.
1. Тиквичките убаво измијте ги, исечете ги краевите да добиете рамна површина, потоа на половина и издлабете ја средината со алатка.
2. Кромидот ситно исечкајте го и ставете го во тава на оган да се пропржи. Кога ќе омекне додадете го месото, промешајте убаво и пржете додека месото не ја смени бојата. Додадете го сенфот и зачините и убаво промешајте. Пред крај додадете го оризот и црвениот пипер, промешајте и тргнете од оган.
3. Пред да ги полните тиквичките од двете страни прободете ги со вилушка (за оризот полесно да се свари), потоа наполнете ги и затворете ги со парче домат. Другиот домат изрендајте го на крупната страна од рендето, ставете го во садот за печење, а потоа наредете ги тиквичките.
4. Во сад на оган ставете вода да се грее, зачинете по вкус, ставете го ловоровиот лист и 1 лажиче црвен пипер и оставете да дојде до вриење. Потоа претурете во садот со тиквичките, да дојде до половина на тиквичките, затворете со капак и ставете ги во загреана рерна да се печат.
По 40-тина минути направете запршка со малку зејтин и брашно, ставете ја во садот и печете без капак уште 15-тина минути.
Оставете малку да се излади, послужете и уживајте во ручекот.
Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани