Печени панцероти со виршли и пилешко филе
Од брашното, солта, шеќерот квасецот и водата замесуваме тесто. Тестото да биде средно замесено, ако има потреба од повеќе вода ке процените сами. Го оставаме тестото да одстои 30 минути, го разсмесуваме и пак го оставаме да одстои. Кога пак ќе стаса го делиме на12 топчиња и од секое расукуваме мала коричка. На секоја коричка прво премачкуваме со павлака и додаваме од припремените претходно исечкани состојки по должина. Посипуваме по малку оригано и ги преклопуваме пишиите како што е прикажано на сликите. Овој пат не ставив кашкавал, а ако сакате може да додадете. Одозгора ги посипуваме со сусам или ким. Ги ставаме во подмачкан плех со малку зејтин.Чекаме пак да стасаат и ги печеме на 200 степени околу 20 минути. На здравје.
Лиценца: Сите права се задржани