
Печени панцероти
Квасецот се растопува во млака вода. Во голем сад го ставаме брашното, растопениот квасец, јајцето, солта, шеќерот,оцетот, водата, маслото и на крај се замесува. Го оставаме да стаса.
Кога ќе биде стасано, се размесува и се прави на 6 пупки кои повторно се оставаат да стасаат околу пола час. За тоа време се ренда кашкавалот и саламата.
Откако тестото убаво ќе стаса го расукуваме едно по едно во форма на правоаголник. На едната половина ставаме кечап, кашкавал, шунка, оригано, павлака и на крај ја преклопуваме и ја затвараме панцеротата.
Панцеротата ја премачкуваме со јајце и посипуваме со сусам. Се печат на плехче намачкано со маргарин или брашно ( по избор) на 200 степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови