Печен спанаќ со ориз и цели јајца
Спанаќот добро се чисти и мие. Потоа, го сечкаме на даска многу ситно.
Во тавата за печење најпрво се обарува спанаќот (да омекне). Додаваме масло и оризот, па заедно ги попржуваме уште кратко време.
Во меѓувреме коцката за супа ја раствораме во врела вода и заедно со останатата ладна вода ја налеваме во тавата. Побиберуваме и ставаме во рерна да се печи околу половина час на 200 степени.
!0 минути пред крајот, ја отвораме рерната и ги кршиме јајцата, на одредено растојание, едно од друго а, одозгора посолуваме и допекуваме.
Напомена
Соодносот на спанаќ и ориз може да варира, спрема вкусот и желбите, како и количината на јајцата спрема бројот на конзументите.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
спанаќ.... (главата и паѓа наназад и се лигави како хомер симпсон) :) :) :) :)
Киселото млеко ќе си го замислиме сервирано посебно вон доменот на сликата ;) Јас најчесто без него го сакам ова јадење
Важи за сите: вака подготвениот спанаќ е еден од најубавите ручеци:)
е ти се бендиса ;)
по идејата на Невена овој пат си додадов и морков, а решив да ставам јајца пд потполошка.