Печен спанаќ со ориз и цели јајца
Состојки
- 300-500 гр спанаќ
- 1 1/2 чаша ориз
- 4 1/2 чаши вода
- 1 пилешка коцка за супа
- 4 јајца
- малку црн бибер
Подготовка
Спанаќот добро се чисти и мие. Потоа, го сечкаме на даска многу ситно.
Во тавата за печење најпрво се обарува спанаќот (да омекне). Додаваме масло и оризот, па заедно ги попржуваме уште кратко време.
Во меѓувреме коцката за супа ја раствораме во врела вода и заедно со останатата ладна вода ја налеваме во тавата. Побиберуваме и ставаме во рерна да се печи околу половина час на 200 степени.
!0 минути пред крајот, ја отвораме рерната и ги кршиме јајцата, на одредено растојание, едно од друго а, одозгора посолуваме и допекуваме.
Напомена
Соодносот на спанаќ и ориз може да варира, спрема вкусот и желбите, како и количината на јајцата спрема бројот на конзументите.
Добар апетит!