Пециво со праз и сирење
Ставете го квасецот во млаката вода со малку шеќер и брашно да се активира.
Просејте го брашното во садот за месење, посолете, додајте го јајцето и павлаката и на крај водата со активираниот квасец. Измесете глатко тесто и оставете го на топло да се дуплира.
Празот ситно исечете го и пропржете го на малку масло, колку да омекни. Додадете го сирењето и пржете додека не испари водата од него, па на крај, на исклучена рингла додадете ги јајцата, промешајте брзо за да ги врзи состојките и тргнете од рингла.
Тестото расучете го тенко на работната маса и исечете го на правоаголничиња. Во средината ставете по 1 полна лажичка фил. На растојание од еден прст покрај филот направете мал засек. Сторете така и од другата страна, но на малку поголемо растојание од првото. Преклопете го тестото со првиот засек врз филот (низ засекот да се гледа филот), па над него на ист начин и со другиот крај (засечено тесто). Краевите со прсти спојте ги и ќе добиете изглед како кајак.
Премачкајте ги со разматена белка и печете на 190 степени 20-30 мин.
Лиценца: Сите права се задржани