Вкусно пециво со крем сирење
1. Во соодветен сад го ставаме просеаното брашно. На средина правиме вдлабнатинка и го ставаме изронетиот квасец, шеќерот и млекото, при што соединуваме додавајќи малку брашно, за да добиеме густа кашеста маса.Оставаме да се активира квасецот.
2. Потоа во квасецот ги додаваме жолчките, солта, крем сирењето, јогуртот и маргаринот, исечен на коцки. Месиме се додека не добиеме убаво средно меко, мазно, сјајно тесто, кое не се лепи за раце и почни да се одвојува од ѕидовите на садот. Го оставаме тестото на топло место, да го дуплира својот волумен, но на малку поинаков начин. Наместо да го прекриваме со најлонска фолија или памучна крпа, ја намрсуваме малку подлогата, со ставаме тестото, го премачкуваме со масло и покриваме со садот во кој сме меселе.....
3. Надојденото тесто го отвораме (со помош на оклагија) во правоаголна кора со дебелина од 1цм. Потоа ја диплиме кората, додека добиеме плик. Прво левата и десната страна навнатре, а потоа горната и долната страна, кон средина.Оваа постапка ја повторуваме уште два пати, одма, без да го оставаме тестото да мирува (значи дипли-расучи) и не премачкувајќи со ништо. Се работи на сосем малку намрсена подлога, тестото не се лепи, бидејки самото содржи маргарин. Повторно тестото го оставаме да надојди, околу 30 мин. на истиот начин, покриено со садот.
4. На крај, отвараме кора, со дебелина од 1 цм., со помош на модли вадиме разни облици.Ги ставаме на намрсен плех на растојание, премачкуваме со благо изматена белка, наросуваме со рендан кашкавал и сусам.Оставаме да го зголемат волуменот, 20-30 мин., па печеме во загреана рерна, околу 20 мин. (или додека не поруменат) на 200Ц. степени.
Лиценца: Сите права се задржани