1. Ренданиот пармезан и останатите суви состојки (брашното, солта и шеќерот, квасецот) ги соединуваме во еден сад во кој ќе го замесиме тестото.
2. Ги загреваме соедитетите вода и млеко.
3. На сувите ги додаваме течните состојки и замесуваме тесто. Убаво месиме 5-10 минути. Го оставаме да одмори барем 5 минути.
4. Го развлекуваме со оклагија во праваголник. Рендаме половина од ладниот путер на половина од тестото. Со другата половина од тестото го покриваме путерот, па на целата површина ја рендаме и втората половина од ладниот путер. Преклопуваме на половина.
5. Ги засекуваме страните (дебелите преклопувања ги засекуваме со нож паралелно со површината на подлогата) и го расукуваме тестото во форма на правоаголник.
6. Од подолгата страна (по должина) преклопуваме до половина и од едната и од другата страна, па потоа добиената лента повторно ја преклопуваме на три дела. Ги засекуваме дебелите преклопени страници.
7. Го притискаме тестото нежно со оклагија за да не ни истече путерот, нежно го расукуваме со дебелина од 1 см.
8. Рендаме салама и жолто сирење, виткаме ролат од едната страна до половина па од другата страна до половина. Сечеме парчиња и ги редиме во намрсено тавче.
9. Вклучуваме рерната да се згрее на 200 степени. Откако ќе загрее ги печеме пецивата.
Забелешка
Тестото може да го соедините со миксер, па убаво да го умесите со рака, да го месите барем 5 минути додека да стане еластично. На дел од нив ставив разматена жолчка со сол и масло, за да видам како ќе изгледаат, да светкаат и имаат поубава боја, ама мислам дека не се толку разлистани како другите пецива. Вие по желба и вкус подгответе си ги, со тоа што може и друг фил да ставите во нив.