Кифлички со маслинка,жолто сирење и кашкавал
Подготовка
Во подлабок сад соединете ги брашното, пецивото, солта, 1 цело јајце, 2 белки и маслото. Во садот додадете го и стасаниот квасец (претходно зафатен со лажичка шеќер неколку лажици брашно и млака вода). Млекото и јогуртот загрејте ги и со нив замесете меко тесто. Тестото оставете го да го зголеми волуменот и да нарасне. Потоа поделете го на четири дела. Од секое топче исучете округла кора која ќе ја премачкате со путер и ќе ги ставате една врз друга оставете да стаса 15мин. Расукајте ја кората во правоаголник посолете со ренданиот кашкавал и жолто сирење на краевите ставете ги маслинките мотајте два ролати. Двата ролата сечете ги косо и редете ги кифличките во плех за печење.
Оставете ги кифличките уште еднаш да нараснат и премачкајте ги со 2 жолчки помешани со малку млеко. Врз секоја од нив ставете мало парченце путер и наросете со сусам. Печете во загреана рерна на 180-200 степени 15-тина мин.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани