Кифлички со кашкавал или сирење
Од брашното, шеќерот, квасецот, солта, малсото, млаката вода и млакото млеко замесете тесто. Тестето оставете го да стаса 1 час. Откако ќе стаса тестото делете го на 4 еднакви делови и од секој дел расучете округлеста кора кора од 5мм и делете ја на 16 делови како триаголници. На секој крај од деловите ставете по 1 парче кашкавал или сирење. Кашкавалот и сирењето да ви бидат исечени на правоаголници како на сликата. Секој дел завиткајте го во форма на кроасан. Кифличките ставете ги во поголем плех за печење кој претходно сте го премачкале со маргарин. Откако ќе ги наредете сите оставете да стасаат уште 20 мин во топла просторија. Стасаните кифлички премачкајте ги со изматеното јајце и накапете ги со претходно растопениот маргарин па посипете ги со сусам.Печете на температура од 200С додека да добијата златно кафеава боја.Послужете ги додека се топли. Добар Апетит...
Лиценца: Сите права се задржани