Топчиња со зелена маслинка
Двата квасци ги оставаме да надојдат и ги додаваме брашното, солта, шеќерот, маслото и водата. Количината на водата можи да варира во зависност на типот на брашното ќе видите како ќе ви оди месењето ако треба додадете уште малку(или одземете) за да добиете средно меко тесто.
Кога убаво ќе се измеси тестото го оставаме да надојди и потоа правиме топчина и во секое ставаме по една маслинка. Секое топче го мрцкаме во растопениот маргарин (треба да е млак цело време значи ставете го тенџерче и дури имате од топчината нека стои на многу тивок оган).
После секое натопување во маргаринот топчињата ги валкаме во презла, ги редиме во плех и ги ставаме да се печат на 180 степени околу 25 мин.
На некои топчиња му ставив сусам наместо презла, но морам да признам дека со презла се многу повкусни.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови