Паштета од пилешко месо и џигер
Пилешкото бело месо исечете го на помали парчина и ставете го во тенџере. Додајте го морковот исечен на коцки, магдоносот и зачините по вкус и 2 чаши вода. Оставете го да са вари околу 30-40 минути додека месото омекне.
Внимавајте при варењето треба да остане малку вода, па затоа ако е потребно уште додајте.
Во друга тава подгответе ги џигерчињата.
Кромидот и лукчето ситно исецкајте ги и пропржете ги со 4-5 лажици масло и 1 лажица путер (20 гр). Додајте ги џигерчината, ловорот, виното, зачините по вкус и оставете ги да се испржат додека течноста испари. Потоа тргнете ги на страна и пред блендирање извадете го листот ловор.
Во погоден сад за блендирање ставете го месото,морковот и магдоносот исцедени од водата и додајте ги џигерчината и останатиот путер (40 гр).
Блендирајте ги додека се добие изедначена мазна смеса. Притоа додајте неколку лажици (10 -на) или по потраба од водата во која вареше месото за премногу да не биде сува. Пробајте на вкус и ако е потребно додајте сол, бибер или зачин.
Готовата паштета ставете ја погоден сад и оставете ја малку во фрижидер да се разлади пред да ја мамачкате на лепче.
Јас е ставив во силиконскиот калап за векни, потоа е превртивме и е украсивме со топчина јогурт -)
Затоа што нема никакви конзерванси најдобро е да се изеде за 2-3 дена, да не стои премногу.
Лиценца: Сите права се задржани