Пача од свински нозе
За подготовка на оваа јадење е потребно две свински нозе добро исчистени. Во длабок сад се налива водата со солта и се потопуваат свинските ножиња. Се вараат се додека убаво не се извади коската од маснотијата. Потоа на страна во друг сад убаво го чистиме мевцето и маснотијата кое останало од нозете и во истиот сад ги додаваме стекот и свинското месо и оставаме да се сварат убаво. Пред крајот кога мевцето е убаво сварено се додава и лукчето ситно сецкано. Се промешува убаво.
Се земаат чиничиња и се полнат со смесата и се оставаат на ладно да се здрват. Така здрвената смеса или пивтија како што ја нарекуваат во некој краеви, е готова за јадење.
Се сече на коцки и се служи. Ова е добро мезенце во зимските денови. Врз коцките пача посолуваме буковец по вкус. На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Е оваа со ракија оди ми се чини :))) ... или со узо, а? ;)
Одлична ти е пачата Наде. Никогаш не сум правела, ниту пак имам намера. Ја јадам, ама ако е вака добро спремена и да ми се погодени вкусовите во соленост и лук и да не е многу мрсна, ама можам да презимам и без неа... Посебно ми се допаѓа кога некој се мачел да ги истреби и ковчињата од неа. Тоа не секој го прави :) Кај нас во бт си ја викаме Пифтија ;)
вакви ноџиња? :) :) :) :)
Jas znacitelno poinaku ja pravam, ama bez pivtija Bozik nema....
Ne sum jas vo toj film :)))
Како корисник на моирецепти каде и јас објавувам лични авторски материјали и фотографии, апелирам до тебе и до редакцијата на моирецепти соодветно да се реагира ако е превземена без Ваша согласност. Поздрав