Испечати

Пача од свински нозе

Пача од свински нозе

Состојки

  • 2 свински ножиња
  • 3 л вода
  • 3 супени лажици сол
  • 1 главица лук
  • 2 парчиња пилешки стек
  • 200 гр свинско месо кртина
  • 1 лажица буковец

Подготовка

За подготовка на оваа јадење е потребно две свински нозе добро исчистени. Во длабок сад се налива водата со солта и се потопуваат свинските ножиња. Се вараат се додека убаво не се извади коската од маснотијата. Потоа на страна во друг сад убаво го чистиме мевцето и маснотијата кое останало од нозете и во истиот сад ги додаваме стекот и свинското месо и оставаме да се сварат убаво. Пред крајот кога мевцето е убаво сварено се додава и лукчето ситно сецкано. Се промешува убаво.
Се земаат чиничиња и се полнат со смесата и се оставаат на ладно да се здрват. Така здрвената смеса или пивтија како што ја нарекуваат во некој краеви, е готова за јадење.
Се сече на коцки и се служи. Ова е добро мезенце во зимските денови. Врз коцките пача посолуваме буковец по вкус. На здравје.