Пастрмка на воденичарски начин
Најпрво излупете ги компирите и исечете ги на кругчиња со средна дебелина.
Ставете ги во тава за печење, посолете, ставете го и исечканиот лук, налејте малку зејтин. Убаво измешајте и ставете во претходно загреана рерна на 200 степени да се печи додека да омекнат и краевите од компирите да поцрвенат.
Зеленчукот ставете го во сосема малку вода да се динста, посолете, ставете го маргаринот и ситно сечканиот магдонос. Готов е кога малку ќе омекне, внимавајте само да не го преварите.
Пастрмката измијте ја под млаз ладна вода и внимателно исушете ја со кујнска хартија. Посолете ја од двете страни и извалкајте во брашното убаво од сите страни. Ставете да се пржи на средна температура, отприлика по 5мин. од двете страни. Ставете на хартија да се исцеди вишокот маснотија.
Во тавче за пржење ставете го зејтинот да се загрее. Додадете ги бадемите и пржете додека да почнат да поруменуваат. Додадете го сокот од лимонот и убаво промешајте. Пред да послужите, налијте ја пастрмката со преливот.
Јас овојпат имав филетирана црвена пастрмка, па ја исеков на парчиња и ја спремив на овој начин. Исто вака спремам и цели пастрмки. Начинот е тој, мерките прилагодете ги спрема количината и тежината на рибата.
За оние кои не постат, маргаринот во зеленчукот и зејтинот во преливот може да ги заменат со путер.
Лиценца: Сите права се задржани
cestitki