Пастрмајлија на Кумановски начин
Поздрав до сите!
Јас пастрмајлијата ја сакам како и мојата фамилија, но секогаш сакам нешто да изменам. Не бегам многу од темата, но ете само сакам да ,,за биберам'' и да додадам нешто по мој вкус.
Месото го спремам еден ден порано го зачинувам со црвен пипер, бибер, оригано и ким, малку сусам и го ставам во фрижидер. Тестото се замесува со квасец, шеќер, сол, зејтин и млеко.
Го стасуваме и кога ќе стаса се расукуваат пастрмајките и се полнат со месо.
На половина печење се сипува врз нив предходно изматени три јајца со козјото сирење. Страните на тестото се мачкаат со јајце и малку зејтин и се посипуваат со сусам и ким.
Се надевам дека ќе ви се допадне....
Лиценца: Сите права се задржани
Прво ме погоди со козјово сирење...го обожавам и редовно го користам...а како второ „ а бе Кумановска е, е ТОЈ ме погодии“. Аааа мора и ја некој кумановски рецепт да објаву:))))
kaj nas , vo Negotino se pravat piti so sv. meso i jajca i toa vo furna na drva, dolgi se po 1.2 m
vo sekoj slucaj ubava e tvojava
Како сме тргнале сите ќе се направи една цела книга, Пастрмајлии од секој град :)