Пастрмајлија
Најпрво неколку часа пред подготвувањето, а уште поубаво да отстои една вечер се припрема месото. Се сече на поситни коцки-парченца, се соли и зачинува. Убаво се промешува и се остава да ги впие зачините
Тестото се спрема на следниов начин. Во длабок сад за месење се ставаат сите состојки. Квасецот претходно скиснат се додава во садот и се замесува средно меко тесто кое се остава да стасува околу еден час. Стасаното тесто се размесува уште еднаш и повторно се остава да кисне овој пат пократко време (околу 20-тина мин.). Кога и втор пат е стасано се размесува и се дели на 8 дела. Поделените делови се обликуваат како топчиња и по трет пат се оставаат да киснат. Кога и тие нараснале се обликуваат пастрмајлиите. Врз секоја од нив се ставаат парченца од претхотно приготвеното месо и парченца свинска маст. Се печат 20 мин на 220-250 степени.
Пастрмајлиите порано се правеле од од овчо солено пушено месо-пастрма па и од таму името пастрмајлија ама денес пошто тешко се наоѓа добра замена им е и свинското месо. Ако се снајдете со пастрма ќе е многу поубава. Епа добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Палмовото масло е одлична замена за маст. Кај нас дома постојано се готви со палмово, од пржени компири (ако нема палмово не ги ни правам пржени), од пити сукани или тегнети особено во пости до секој рецепт во кој има маст, а се пости:) Еве еден посен рецепт кој многу успешно поминува со палмово масло кое на ладно кристализира и е во цврста состојба, па убаво се мати и со миксер, бидејќи јас го избегнувам маргаринот. Можеби ќе му се најде некому како пример....
http://moirecepti.mk/post/%D1%81%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D1%82%D0%BE%D0%BF%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%BA%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B8
Прости можеби не е место да постирам мој рецепт овде, ама навистина го користам палмовото масло за се... и е навистина достојна замена за свинска маст:)))
Пастрмајлија со свинско место со пастрма (а само таква и сум пробала до сега) обожавам! Твојава розичке, одлична!
Со малку димено...убавина поздрав Веснич:)