1. Квасецот се раствара во мазлку топла вода
2. Брашното и сите останати состојки се ставаат во подлабок сад и заедно со стасаниот квасец се замесуваат
3. По потреба се додава топла вода за да се замеси тестото (на меко)
4. Се остава тестото да одмори околу 30-40 мин
5. Подоцна, тестото се размесува уште еднаш и се дели на два дела
6. Двете топчиња се премачкуваат со неколку капки зејтин, се прекриваат со најлонска стреч-фолија и се оставаат уште еднаш да се одморат, односно тестото да стаса повторно
7. Секое топче се растегнува во пита, притоа правејќи ѓеврек од страните на питата
8. Сечканото месо (по 150 гр заедна пита) се распоредува врз тестото, но не врз ѓеврекот
9. На 3-4 места се става по малку свинска маст
10. Питата се пече во загреана рерна на 200 С околу 10-12 минути на истата температура
11. Се вади од рерната, се става на секоја пита по 2 јајца и се размешуваат истите по малку со вилушка, така да остане делумно и белка и жолчка, да не бидат хомогено рaзмешани меѓусебно
12. Повторно се враќаат во рерната да се допечат уште околу 5 минути, а ако сакате (како јас) да останат малку поживи јајцата, тогаш се пече уште 3-4 минути
13. Откако ќе се допечат питите, се премачкуваат веднаш со свинска маст, се покриваат со најлонче и со крпа и се оставаат да омекнат околу 10-15 минути

По желба може да се додаде и ситно сецкана пастрма, посолена и поситно сецкана ос свинското месо. Се додава врз тестото заедно со месото во количина по желба. Јас ставам по 30-40 грама пастрма на една пита.
За некаква ориентација околу количината на состојките за една пита, обично оди по 200 гр брашно и 150 грама свинско месо за една пита, ако големината на питите е толкава колку што е еден голем плех од рерната......Пријатен апетит !

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани