Велешка пита - пастрмајлија
Во длабок сад го ставаме брашното, квасецот и полека додаваме млака вода и сето тоа го месиме. Откако убаво ќе го измесиме и добиеме меко тесто го оставаме да стаса т.е да се дуплира.
Стасаното тесто го ставаме на набрашнета маса и го делиме на 6 дела. Секој дел го ставаме во тавче и со прсти на краевите правиме вдлабнатини или формираме пита.
Претходно исецканото месо на коцки го редиме врз тестото и додаваме по една лажичка сало на едната страна и една лажичка на другата страна од питата. Постапката ја повторуваме и со останатите делови од тестото.Печеме на температура од 220 степени 7-8 минути, а потоа на секоја пита кршиме по две јајца и ги развлекуваме. Питата повторно ја враќаме во рерна и печеме уште 4 мин т.е додека се испече јајцето.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
п.с. Мислам на оваа количина брашно дека ќе оди повеќе вода за замесување.
odlicna:))