Пастрамајлија со домашно чадено месо
Пастрамајлијата е типична за повеќе краеви, секаде различно се подготвува.
Ова што јас ја спремив е Кратовска пастрамајлија.
Од состојките за тесто замесете меко нелепливо тесто и оставете го да стаса.
Потоа пребркајте го и оставете да стаса уште еднаш.
Од стасаното тесто направете 4 топчиња и оставете ги уште 10-тина минути да постојат.
Од секое топче оформете пастрамајлија, наредете од месото и на секоја пастрамајлија ставете по едно малку разматено јајце.
Печете на 200-250 степени додека зарумени.
Краевите на испечените пастрамајлии премачкајте ги со сланина и завиткајте ги во алуминиумска фолија за да омекнат.
Послужете ги со кисели феферончиња и чаша црвено вино.
Лиценца: Сите права се задржани
Mnogu, mnogu ubava pastrmajlija :)
Катерина ќе извиниш што на овој рецепт се расприкажав ама тоа од убавини се навраќам тука. :)))