Сезона на пастрамајлии, а и време на Божиќни пости, па решив да си направам моја верзија на една посна лажна пастрамајлија. 

1. Од состојките за тесто заместе меко нелепливо тесто. Покријте со крпа и оставете убаво да стаса. Премесете го тестото и оставете пак да стаса. Стасаното тесто поделете го на 2 дела. Од секој дел тесто оформете топче и оставете ги да стасаат 15 минути.

2. Во меѓувреме на маслиново масло пропржете ги шампињоните исечени на покрупни парчиња. При крај на пржењето додајте го кромидот исечен на резанки. Посолете и пржете уште сосема малку.

3. Секое топче тесто оформете го во форма на пастрамајлија. Одозгора нанесете ги спржените печурки и кромид и сецкано лукче.

4. Печете на 200 степени додека поруменат. Откако ќе се испечат премачкајте ги краевите на тестото со масло и завиткајте во алуминиумска фолија да омекнат.

Послужете со лути феферончиња и расолница.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани