Испечати

Пастрамајлија со домашно чадено месо

Пастрамајлија со домашно чадено месо

Состојки

  • Тесто
  • 1кг. брашно
  • 1 коцка квасец
  • 1 лажичка сол
  • на врв на лажичка пециво
  • по потреба топла вода
  • Други состојки
  • 800гр. домашно чадено месо
  • 4 јајца

Подготовка

Пастрамајлијата е типична за повеќе краеви, секаде различно се подготвува.
Ова што јас ја спремив е Кратовска пастрамајлија.

Од состојките за тесто замесете меко нелепливо тесто и оставете го да стаса.
Потоа пребркајте го и оставете да стаса уште еднаш.
Од стасаното тесто направете 4 топчиња и оставете ги уште 10-тина минути да постојат.
Од секое топче оформете пастрамајлија, наредете од месото и на секоја пастрамајлија ставете по едно малку разматено јајце.
Печете на 200-250 степени додека зарумени.
Краевите на испечените пастрамајлии премачкајте ги со сланина и завиткајте ги во алуминиумска фолија за да омекнат.
Послужете ги со кисели феферончиња и чаша црвено вино.