Паста ди мандорле
Ако има колачи од Сицилијанската кујна кои ме освоија, тоа се нивните Каноли и Колаченцата од бадеми. За првите, сеуште трагам по вистинскиот рецепт, а за вторите, овој рецепт, од блогот на Мирјана, ми ги исполни сите очекувања.
Најдобро е да купите веќе сомелени излупени бадеми, доволно се ситни и суви за потребите на овој рецепт. Но, ако немате, излупете бадеми, добро исушете ги, па неколку пати сомелете ги и просејте ги додека не добиете фин прав. Ситен шеќер, ако не можите да купите, сами сомелете кристал шеќер, толку, колку гранулите да се раздробат, а да не се претвори во прав.
Во еден голем сад со жица помешајте ги бадемите, шеќерот, ванилиниот шеќер, кората од лимон и прашокот за пециво. Додајте ги јајцето и белките, па замесете лепливо тесто. Покријте го, и оставете да отстои 2 часа.
Поделете го тестото на 2 дела. Работната површина цело време посипувајте ја со шеќер во прав. Направете две кобасици, со пречник некаде 3 цм. Извалкајте од сите страни со шеќер во прав, па сечете дискови во дебелина на прст. Секој добро извалкајте го во шеќер во прав и редете ги на хартија во два плеха од шпоретот. Врз секое колаченце втиснете по една половинка орев.
Загрејте ја рерната на 175Ц.
Печете ги колаченцата 10 - 15 мин. Ќе бидат светли, меки, распукани, со сосема нежен зазлатен раб на дното.
Оставете да подоладат малку, зошто се многу меки, па префрлете ги на жица да се оладат до крај.
Чувајте ги во добро затворена кутија, послужете ги со најубавото кафе кое го имате, за вашите најдраги гости......
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Совршени, не знам друго што повеќе би кажала :)
Кога сме веќе кај Каноли, јас имам неколку рецепти ама па немам метални формички за пржење ... ете ако може малку помош околу тоа :) .... или пак ако по некоја случајност (што не ми се верува) некаде кај нас да има готови школки.
Sto se odnesuva za kalapcina za kanoli, mislam deka mozat po naracka da se napravat kaj limarite.
bidejki tie sekako pravat kalapi za grklani, zosto ne bi mozele i kalapi za przenje kanoli.duri i poednostavni se za pravewe.
i jas imam recepti dosta, pa treba da ispromam, ama mislam deka ke baraat malku poveke trpenie.
pa da se napolnat so rikota, pa so kandirano ovosje..........eeee se zanesov
Slikata,receptot cista 5:)
A za Kanoli mozat i na kalapcina za tulumbi, malku ke se asimetricni, ama tia ne smeta. A sto rece Katerina, mozat i po naracka da se napravat kaj limarite. Mene ne mi e toa makata so tie kolaci. Jas ne mozam da go postignam vkusot na tie sto sum gi jadela na Sicilija. Vaka ili taka, ne e isto. A za gotovi skolki, Svetulka, tesko toa kaj nas....
Инаку, ги правев твоите ванилици со тиква и беа општо бендисани :)))
Благодарам и за информацијата и на тебе и на Кате :)
Ти видиш имаш репер, си пробала па сега си го бараш рецептот ... јас вака само од гледање и одма ми фатија око .. се надевам ќе се снајдам и со калапчиња па ќе успеам да направам :)
Beti, ne e fer ako ne kazis kako "na prva" go procita imeto :))))
Eliza, malku sum vo tesno so vreme, a malku i "na cekanje" dodeka da dojdi receptot na red, zatoa, nenamerno :))