Тесто
6 белки се матат со 200гр шеќер, му се додава 120гр брашно,100 гр стопен маргарин, 2 лажици какао и малку пециво. Се пече на 180 степени.

Фил
2 кесички желатин се киснат во 200мл вода 5-10мин, потоа на смесата се додава 200гр шеќкер во прав и се топи на оган, да не зоврие.
Настрана се бијат 6 жолчки и на изладениот желатин му се додаваат, се врака на оган и повторно се бие со миксер, да се добие пенаста смеса(да не зоврие) се трга на страна да се излади до млако. Се бие 500мл слатка павлака и се додаваат жолчките со желатинот.
Оваа смеса се дели на 3 дела, едниот си останува бел, во вториот се додава 3-4 реда стопено чоколадо, во третиот испасирани јагоди.
Над тестото се нанесува белиот фил, се мазни убаво, па црн фил, на крај филот со јагоди. Се остава да се олади убаво и се декорира со чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови