Партал торта со пржени јаболка
Партал торта, вкусна, а формата правете ја каква што сакате.
Најпрво јаболката излупете ги, изрендајте ги и печете на тих оган заедно со шеќерот. Додадете го и маргаринот и пржете додека добиете златна боја. Оставете да се изладат.
Во меѓувреме јајцата пенесто избијте ги заедно со шеќерот и додадете го брашното, пецивото и маргаринот исецкан на парчиња. Матете додека добите убава смеса и додадете го млекото и какаото со циметот. На крај ставете ги и оревите и сувото грозје.
Печете на 190 степени околу 30 мин. Кога ќе се испече оставете ја малку да се излади и искинете ја на поголеми парчиња и измешајте ја со претходно сварениот пудинг од чоколадо заедно со млекото. Формирајте по желба, украсете со шлаг крем и оставете 2 часа во фрижидер да се здрви.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови