Постојат повеќе начини на подготовка на оваа торта...Ова е мојот начин, во кој преовладуваат вкусовите на лешник и чоколадо.Тората е многу вкусна и сочна, лапни-голтни што би се рекло.

Пандишпанот се подготвува на стандарден начин.
Белките се матат во густа пена со солцата, па се додава оцетот-малку по малку, постепено се додава и шеќерот (цело време се мати на најсилна брзина), во добиениот цврст снег се додава претходно подготвената мешавина од брашно, пециво и лешник, матејќи полека на најслаба брзина од миксерот. Се излева во плех намрсен со маргарин и побрашнет. Се печи на 180 степени во претходно загреана рерна (5 мин. на 200 степени), додека порумени. Се остава да излади, па се кини на парчиња.

За филот се зоврива околу 750мл. млеко со шеќерот и ванилите. Во остатокот од млекото се раствораат пудинзите и нишестето, а жолчките кремасто се матат и се додаваат во пудинзите. Изедначената смеса се излева во зовриеното млеко и со постојано мешање се вари кремот до потребната густина на умерен оган. Се трга од оган, се додаваат чоколадата и се меша додека се стопат. Готовиот крем се остава да излади.
За тоа време пенасто се мати маргаринот со шеќерот во прав, се додава еурокремот и убаво се соединува.
Во оваа смеса се додава млакиот крем, лажица по лажица, постојано матејќи.
На крај се додаваат грубо кршените лешник наполитанки. Се меша убаво со лажица.

Финална постапка
Во готовиот фил се додава пандишпанот, убаво се меша, па се префрлува во калап обложен со најлонска фолија. Се става во фрижидер убаво да се излади и стегни. Потоа се отпревртува на чинија за сервирање и се посипува со рендано чоколадо.

Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани