Панцероти од ЛУДО тесто
Ова е најлудото и наједноставното тесто што се спрема во мојата кујна. Поради брзото темпо на живот, а и многубројноста на моето семејство, потребни ми се продукти кои брзо се подготвуваат. Од него произлегуваат производи како што се мекици, панцероти, пастрмајлии, пици, пирошки и сето тоа од брзо, побрзо подготвени. Тестото откако ќе се замеси може да стои во фрижидер и 7-10 дена. Значи го замесуваш од вечер, утредента е спремно за правење, а ако има остаток тој може да се подготви во наредните денови.
Подготовка на тестото
1. Од сите наведени состојки се замесува тесто. Односно во брашното се прави дупка во која се додаваат останатите суви состојки и сето ова се замесува со јогурт во меко тесто. Потоа ванглата или садот во кој сме го ставиле ја покриваме со намрсена кеса, ама треба да оставиме простор за стасување и да внимаваме да не ни претече тестото во фрижидер.
Или пак може тестото да го ставите во намрсена кеса, па во вангличка и така да ви стои во фрижидер најмалку 8 часа или една ноќ. По потреба се вади и од него си правите што ви душа сака. Овој пат јас направив панцероти.
Подготовка на панцеротите
1. Се прават топчиња од тестото, се расукуваат се полнат со фил и се затвораат по краевите со вилушка. Или пак се расукува тестото на работната маса и од него со чаша со пошироко грло се вадат кругови кои се полнат со фил, па се затвораат.
2. Се оставаат некои 10-15 минути да стасаат па се пржат во врело масло, кратко време односно додека да поруменат.
Како фил во панцеротите овој пат ставав рендана салама, рендан кашкавал, малку кечап и оригано, а инаку составот на филот може да ви биде по желба и вкус. Не можам да кажам колку грама потрошив од продуктиве, ама не се повеќе од 150 гр кашкавал, 150 гр салама, неколку лажици кечап и 1 лажичка оригано.
Не мора цело тесто да го потрошите, си земате онолку колку што ви е потребно за оброкот што го спремате. Остатокот вратете го повторно во фрижидер.
За ова тесто знам и го подготвувам веќе 20 тина години, а последниве години поефективно. Има и други рецепти за ЛУДО тесто, ама ова е најскратената верзија со најмалку состојки што ви требаат за да го подготвите.
Нема да се покаете ако било што спремите со него, на дополнителната фотографија имам спремено пастрмајлии. Значи доаѓам од работа продуктите ми се спремни, расукувам тесто, ставам месо и за некои 10 тина минути го печам. Ручек готов за 10-15 минути без печење =)))
Инаку мајка ми го спрема тестото и со кисела вода и исто успешно излегуваат мекици, ама оригиналот си е со јогурт.
Лиценца: Сите права се задржани
A da si se preselam jas poblisku do tebe i em ke si probuvam razni specijaliteti em ke si se naucam vaka kako pomlada i poneiskusna domakinka so velis ? :))))))
Туку баш ми е мило што ти се допаѓаат рецептите, па и тоа ми е целта на споделувањето , сите да научиме нешто едни од други, јас сеуште учам, знаеш, кога ќе зацепиш тоа па тоа, станува досадно, а овде никогаш не е досадно. Секојдневно се раѓаат нови идеи за рецепти. И ние учиме од помладите, учиме и од поискусните, да не речам постарите, па и тие од нас и така на сите ни е убаво и интересно. Јас готвењето за моите 4 деца (и останати членови на семејството), со оваа страна си го претворив во забава, дружење, споделување...:))))
i da bidsm iskrena otkako se prikluciv na ovaa strana jas se prerodiv ....znaci taka me ispolnuva i relaksira seta ovaa druzba ovde so site vas prekrasni domakinki i mislam da ja nemase ovaa druzba nemase da bide ni spodeluvanjeto na recepti tolku zabavno ..... milo mi e sto postojat i vakvi luge kako tebe polni so razbiranje i trpenie i vaka dobra kujna ... :)) pozdrav