Ова можеби и не е некој рецепт. Повеке е начин во последен момент да направите нешто за гостите кои само што не дошле, а детето ги потрошило кифлиците од замрзнувачот и нормално, не ви кажало...

Готовото лиснато тесто оставете го да се одмрзни, ама не до крај, така полесно се обликува. Расучете го на двојна големина. Јајцето разматете го и премачкајте ја целата површина на тестото. Одозгора нарендајте го сирењето и завиткајте ги двата спротивни краја еден кон друг како цврсти ролати. Премачкајте ја целата ролна одоколу со јајце и меѓу ролатите,  за да не ви се одвитка кога ќе се пече, посипете од сите страни обилно со сусам.  Завиткајте во транспарентна фолија и оставете во замрзнувач додека да се загрее рерната. Така полесно ќе ја исечете ролната.
Загрејте ја рерната на 220 Ц. На плехот од шпоретот ставете хартија.
Ролната исечете ја на парчина со дебелина 1 цм. Редете ги легнати на хартијата и печете 10 - 15 мин додека не добијат убава боја.
Издишете се, готово е.... Да не ѕвони ѕвончето?

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани