Палмиерс по Ина Гартен
Пињолите потпечете ги на сува тава, малку да замирисаат. Оставете да се оладат.
Расучете го одмрзнатото лиснато тесто во правоаголник со дебелина од околу 3 - 5 мм.
Пресечете го тестото на половина. Секој дел премачкајте го со половината од пестото, одозгора наронете половина од сирењето, распоредете ги половина од сувите домати и пињолите. Ако сирењето не е доволно солено, лесно посолете.
На пократката страна завиткајте го тестото во двоен ролат.
Средината попрскајте ја со малку вода и добро залепете.
Завиткајте го ролатот во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер барем 1 час. Повторете го истото со другата половина од тестото.
Вака завитканите ролати можат да се остават во фрижидер и до другиот ден.
Кога ке сакате да ги печете, загрејте ја рерната на 220 Ц.
На плехот од шпоретот ставете хартија за печење. Секој ролат исечете го на плочки со дебелина 1 цм, наредете ги на хартијата и ставете да се печат во загреаната рерна. Намалете ја веднаш температурата на 200 Ц и печете дваесетина минути додека да се заруменат Палмиерс - ите.
Оладете ги на жица.
Ако не ви се потрошат веднаш, чувајте ги во добро затворена кутија за што подолго да останат крцкави.
Мене ми се најдобри малку подоладени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Mi e mnogu drago deka ti se bendisaa :))
ама состојкиве секогаш се мисија невозможна. тебе ако ти дадат брашно, квасец и сол гарант нема да знаеш што да правиш со нив. досадна роба се :) :) :) :)
Светле Брус Ли, не биди скржава и стави ги на профил сликите па сите да си ѕирниме ;)